Loading Video...
Бизнис
22. July 2020 - 16:38

Знае ли македонската администрација да ги искористи парите од ЕУ

Колку пари ќе добие земјава од европскиот буџет? По долги преговри ЕК вчера постигна договор во следните седум години заедничката каса да изнесува илјада осумстотини дваесет и четири милијарди евра.

Од овие пари 12,5 милијарди до 2027 година ќе трошат земјите од Западен Балкан. Колкав дел од колачот ќе добие Македонија од институтот за европски политики, засега велат дека не се знае. Очекуваат да има зголемување на сумата, но поважно од тоа колку пари ќе има е тоа дали ќе има проекти за тие пари навистина да стигнат во земјава. Пари имаше и претходно, но заради немање прокети, дел од нив пропаднаа.

Преку заедничкиот европски буџет во земјава ќе се финансираат инфраструктурни, но и прокети за јакнење токму на администрацијата. Фокусот во наредниот буџет на ЕУ ќе биде поддршката на економиите по корона кризата.

За справување со корона кризата ЕК со рамките на буџетот испланира 750 милијарди евра. Дел од овие пари за прв пат во историјата ќе се обезбедуваат соз ањеднички позајмици на земјите членки. Аналитичарите претпоставија дека овие последици од здравствената криза ќе се чувствуваат до 2058 година до кога ќе треба да се враќаат тие кредити.