Змија влегла под хауба на автомобил во Скопје | ВИДЕО
Скопјани алармираат на внимателност при движење низ главниот град, поради почеста појава на змии. За неколку дена, во два наврата имаше реакција на социјалните мрежи. Едниот случај беше во скопско Пржино каде змија се појавила на улица, другиот во Кисела Вода, каде змија влегла под хауба на автомобил.
„Колата е паркирана кај Дом за слепи на улица 'Георги Димитров'. Ако некој го знае сопственикот нека го извести“, стои во објавата на Facebook.
Предупредување за внимателност има и во скопско Пржино.
„Излегоа и змиите во Пржино. Внимавајте на децата! Змијава е прегазена на 'Милан Мијалковиќ' над Хршум кон игралиштето“, напиша жител на населбата кој објави снимка.
Пред три недели, реакции имаше и за појавата на змија на паркинг во центарот на Скопје. Влечуга беше фотографирана и на кејот на Вардар.
Ново на Сител
-

Стратешки дијалог со САД
-

Тема на денот со Синиша Наумоски, универзитетски професор
-

Роботска хирургија во клиничката болница „Аџибадем Систина“
-

Стратешки дијалог со САД
-

Мартовската инфлација е 4,9%, Мицкоски најавува таргетирани мерки
-

ССМ на протест за поголеми плати
-

Уапсени 8 дилери на кокаин
-

ОТА: Во 2025 прислушувани 259 комуникации, најголем број по барање на МВР
