Свет
12. July 2019 - 14:18

Злосторство што ја шокираше Англија: Убил пензионер и толку ситно го исецкал што со денови полицијата бара делчиња од телото

Полицијата спроведува истрага за убиството на пензионер од Дарбишер и го истражува тоа подрачје за да ги пронајде сите делови од неговото тело.

Откако го прегледа домот на Греам Снел (71) и една куќа во близина, сега го пребарува рибникот во градот Дарбишер.

Греам Снел се води како исчезнат од 30 јуни, а последен пат е виден на 19 јуни во Честерфилд, пренесува Скај Њуз.

Полицијата го приведе и го обвини Даниел Валш (29) за убиството на 71-годишниот. Откако се дозна дека пензиониерот е „распарчен“, почнаа да го пребаруваат и околното подрачје и рибникот.

„Минатата недела 29-годишниот Даниел Валш од Марсден Стрит, е обвинет за убиство на Греам Снел“, изјави полицискиот наредник Гарет Медоуз.

„Греам го познаваше целата заедница и сите го сакаа. Изразуваме сочуство до семејството и неговите пријатели“, додаде тој.