-->
-->
Златна крвна група – најретка во светот, со неа се родени само 43 лица во светот
-->
Сите знаеме дека постојат четири крвни групи – А, Б, АБ и 0. Крвната група на една личност најмногу зависи од генетиката, но и групата народ на којашто ѝ припаѓа.Поголемиот дел од луѓето имаат Rh позитивна група, а оние со негативна сочинуваат само 15% од населението.
Сепак, покрај овие, постојат и други варијации на крвните групи, а најретката помеѓу нив ја имаат само 43 луѓе ширум целиот свет.
Оваа крвна група е навистина ретка и кога прв пат била откриена во 1961-ва година, лекарите мислеле дека ембрионот со таа крвна група ќе умре во матката.
Крвта ја сочинуваат црвените и белите крвни зрнца, тромбоцити и плазма. Секој дел си има своја улога, но црвените крвни зрнца се оние кои ја одредуваат крвната група.
На површината на овие клетки се наоѓаат протеини наречени антигени. Присуството или отсуството на одредени антигени ја одредува крвната група. На пример, оние со крвна група А имаат само А антигени, оние со крвна група Б имаат Б антигени, оние со крвна група АБ ги маат и двете, а оние со 0 немаат ниту еден.
Црвените крвни зрнца имаат уште еден антиген, наречен RhD протеин. Кога крвта го има RhD протеинот, таа е позитивна, а кога го нема таа е негативна. Комбинацијата од А, Б и RhD антигените ги дава 8-те крвни групи.
Вистинското објаснување на крвните групи е многу покомплицирано, но воглавно, протеинот RhD се однесува само на 61 потенцијален протеин од Rh системот.
Кај златната крвна група недостасуваат сите можни антигени во Rh системот.
Она што ја прави златната крвна група посебна е тоа што е подобар универзален донатор и од крвната група 0. Истовремено, компатибилна е и со другите поретки крвни групи, но денес постојат само 9 живи донатори.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трипуновски: Исполнето уште едно ветување, објавени се пет јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште над три хектари
-

Северна Кореја со осуда на Самитот на НАТО поради зајакнување на воените блокови
-

Трамп: Илјадници ракети се насочени кон Иран во случај на обид за атентат врз мене
-

Синер: Сервирав навистина добро и тоа ми помогна во мечот со Ѓоковиќ
-

Заложничка драма во Берлин
-

На Тајван поради тајфунот Бави евакуирани над 14.000 луѓе
-

Зеленски формира посебна команда за длабоки напади врз Русија
-

Во Сребреница ќе биде одбележана 31-годишнината од геноцидот над Бошњаците
