Златен тибетски мастиф - Најскапо продадено куче во светот
Златен тибетски мастиф, стар една година, со висина од 80 сантиметри и тежина од дури 90 килограми, пред неколку години бил продаден за неверојатни 2 милиони долари со тоа станало и најскапо продаденото куче на светот и тој рекорд го држи и до денес.
Тибетскиот мастиф важи за една од најстарите и најскапите раси на кучиња на светот. Има специфичен изглед кој поради густото крзно потсетува на лавовска грива. Исклучително храбар, верен на семејството и одличен чувар. Може да лае и бара рана дресура и социјализација.
Тибетскиот мастиф е директен потомок на големото тибетско куче. Бил главно куче чувар во номадските култури во Кина, Индија, Монголија, Непал и Тибет. Ова куче подоцна завршиле во рацете на британските одгледувачи кои само малку ја разубавиле и дотерале расата, но тибетскиот мастиф сè уште претставува страв и трепет во Азија.
Ново на Сител
-
Гола статуа на Доналд Трамп поставена кај Лас Вегас
-
Рама по инцидентот: Политиката има моќ да сее но и да истребува
-
Албанската опозиција запали столчиња пред парламентот
-
Утрово измерени -2 степени во Берово и Лазарополе, во Гевгелија 12
-
Влада: Уште едно ветување станува реалност - покачени пензии
-
Бројот на загинати од „Хелена“ се искачи на над 130, милиони без струја
-
Зеленски: Ситуацијата на украинскиот фронт е „многу предизвикувачка“
-
Сто дена Влада - Мицкоски ќе ја презентира досегашната работа