Златен медал „Андреј Бел“ за академик Ристо Василевски
Академик Ристо Василевски е добитник на Златниот медал што го носи името на рускиот писател, поет и теоретичар Андреј Бел, кој го одбележа Сребрениот век на руската литература.
Наградата на Василевски му беше врачена од претставичката на Сојузот на писатели на Русија, поетесата Људмила Снитенко, на тукушто завршениот меѓународен фестивал на поезија „Словенска прегратка” во Варна, Бугарија.
Златниот медал „Андреј Бел” на Василевски му е доделен „за врвен придонес во светската поезија и мајсторско продолжување на традициите на класичната литература“. По повод ова ново признание, реномираното московско книгоиздателство „Паблис” ја издаде книгата философеми од Василевски „Генезис мечты” („Генеза на мечтите”), а Руската академија за литература го прими академик Василевски за свој редовен член.
Организаторот на Меѓународниот фестивал на поезија „Словенска прегратка” од Варна на Василевски му ја додели плакетата „Кирил и Методиј”.
По меѓународните наградите „Михај Еминеску” во Романија и „Кристално перо” во Русија, ова е трето големо признание за поезијата на академик Василевски.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Ниту лидерска средба, ниту Заев нема да го направат Филипче лидер на опозиција
-
Кошта : Иднината на Западен Балкан е во ЕУ
-
Скопје и утрово најзагаден град во Европа
-
Детали за планот на Трамп за Украина
-
Ужас во Хрватска: Пронајдени тела на две закопани бебиња, родителите биле членови на секта
-
Баерн загуби на домашен терен од Баер, Нојер доби црвен картон
-
Палејќи оган да се затопли ја запалила куќата, 82 годишна жена загина во пожар во Косевица
-
Авиолинија од Скопје до Париз со „Изиџет“ следната година