Зимскиот распуст за сите ученици продолжен за два дена
Владата на Република Македонија попладнево донесе итна мерка за продолжување на зимскиот распуст за два дена, односно заклучно со 22 јануари (вторник), поради континуирано зголемените концентрации на загадувачки честички во воздухот во повеќе градови во Македонија, како и метеоролошките прогнози за следните денови.
-Одлуката се однесува на сите ученици од сите јавни и приватни основни и средни училишта во Република Македонија, а истата е донесена преку итна координација на Министерството за образование и наука, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за здравство.Продолжување на траењето на зимскиот распуст за сите ученици ќе трае во времетраење од два дена, заклучно со вторник, 22 јануари 2019 година. Училиштата ќе бидат во функција, учениците нема да посетуваат настава во наведениот период, соопшти прес-слуѓбата на Владата.
Во овој период Владата, пред сé Министерствтото за животна средина и просторно планирање и Министерството за здравство, ќе ја следат состојбата врз основа на која, а во координација со Министерството за образование и наука, ќе одлучат околу времетраењето на продолжувањето на зимскиот распуст.
Владата претходно соопшти серија мерки поради алармантното загадување на воздухот, со кои ги задолжи надлежните министерства. б
Ново на Сител
-
Претседателот на Малдивите светски рекордер - држеше 14 часа 54 минути прес конференција
-
33-годишен мотоциклист загина во сообраќајка на патот Дебар - Струга
-
Лазаров оптимист пред дуелите со Естонија и Литванија
-
Тему прекинува со испорака на стоки од Кина во САД поради американските царини
-
Трамп: Нема да се кандидирам за трет мандат
-
„Њујорк тајмс“: Украина добива нова американска помош – ракетен систем Патриот
-
Вчерашното убиство во Скопје било извршено пред 5-годишната ќерка на сопружниците
-
Кон средината на мај, Трамп во Ријад ќе се сретне со лидерите на земјите од Заливот