Зима нема да видиме - пролет уште во февруари
Следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Од сабота кон крајот на денот ќе има спуштање на постудена воздушнa маса, што ќе услови во следните два дена врнежи од снег да има и во некои котлини, особено во северните делови. Врнежите ќе бидат со слаб, а повремено на места со умерен интензитет.
Студената маса ќе ги намали температурите но тоа се уште ќе биде далеку од она на што сме навикнати на средината и крајот од јануари. Ретко кога дневните температури ќе бидат во негатива, а освен врнежи од дожд во Скопје снег најверојатно нема да има. Утринските тмператури најниско ќе се спуштаат до минус 8 а дневните најниско ќе бидат околу 1 степен. Таквото време, според сегашната состојба нема да трае долго.
Речи си идентично ќе биде и во февруари. Од време на време ќе се создадат услови за снег но со оглед на дневните температури кои кон средината на месецот ќе доаѓаат и до 10 степени, не би требало да се очекува снежна покривка.
Крајот на февруари се очекува да донесе повисоки температури кои во последната недела би можело да достигнат и 15 степени.
Долгорочните прогнози велат дека март ќе биде во рамките на просекот, па дури и потопло.
Во овој месец мраз нема да има а дневните температури ќе достигнуваат и над 20 степени. Се разбира, долгорочните прогнози даваат само ориентација за условите кои би можеле да не очекуваат, а секогаш е можно, некоја студена воздушна маса да донесе изненадување.
Ново на Сител
-
Хеликоптерите на МВР фрлија повеќе од 30 тони вода на пожарот на планината Плачковица | ВИДЕО
-
Хуманитарната катастрофа во Газа мора веднаш да престане, велат Париз, Лондон и Берлин
-
Најмалку 25 лица загинаа, а 280.000 останаа без покрив над главата од почетокот на обилните дождови на Филипините
-
Министерот Тошковски во посета на џудо тренинг сесија на полициските специјалци во Центарот за обука во Идризово
-
Трамп вели дека договорот со ЕУ има 50 отсто шанси, а договорот со Канада можеби нема да се случи
-
На Табановце се чека 40, а на Богородица 20 минути
-
Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка
-
Две затворски казни од пет години и парична од 300.000 денари за фирма за предизвикан пожар над велешко езеро „Младост“ во август 2019