-->
-->
Зидан нема да го преземе ПСЖ
-->
Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, нема да ја преземе тренерската функција во Пари Сен-Жермен.
Како што објави „Telefoot“, 49-годишниот Французин не бил убеден во проектот на парискиот клуб.
Забележано е дека во конечниот скратен список на кандидати за предводник на ПСЖ се најдоа четворица тренери: Рубен Аморим од Лисабон Спортинг, Кристоф Галтие од Ница, Серхио Консеисао од Порто и Тиаго Мота од Специја.
Во исто време, главниот тренер на ПСЖ, Маурисио Покетино, чиј договор е до 30 јуни 2023 година, сака да остане во клубот.
ПСЖ минатата сезона ја освои Лига 1 со 86 бода од 38 натпревари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија
-

Путин ја обвини Украина дека ги минира мировните преговори
-

Елиминиран освојувачот на Купот Вардар - полуфинале за второлигашите Охрид и Шкендија Арачиново
-

Еден тон марихуана запленет во складиште на „Грин лајф“, една од шесте фирми на кои им е одземена лиценцата
-

Жителите на Старо Нагоричане се вознемирени поради можноста во нивната околина да постои сериски убиец
-

Пронајдена угината женка на загрозениот Балкански рис на патот Охрид – Ресен
-

Прилепчанец фалсификувал свидетелство за да може да полага возачки испит
-

Забрана за електронски цигари во затворен простор, одложена примената на законот за пушење на тераси
