Зидан: Не сум го понижл Бејл, тој не сакаше да игра

Една од најдискутираните теми во шпанскиот печат во последно време е очекуваното заминување на до неодамна најскапата аквизиција во историјата на Реал Мадрид, Герет Бејл. Тренерот на „белите“ Зинедин Зидан буквално рече дека се надева дека репрезентативецот на Велс наскоро нема да биде дел од неговиот тим.
Ова предизвика силен одговор од агентот на играчот кој го идентификуваше францускиот стратег како „срам“, а не негираше дека се работи на договор за заминување на Бејл во друг клуб.
Зизу сега одлучи да фрли светлина врз ситуацијата со Бејл.
– Прво, не сум зборувал со непочитување кон никого. Тоа е најмалку што можам да направам со играч од мојот тим. Јас секогаш го кажувам истото и јас стојам зад моите зборови: „За мене, играчите се најважниот дел од тимот и јас секогаш зад нив“. Реков дека клубот се обидува да го продаде Бејл, бидејќи тоа е мојата информација, и Гарет ми кажа дека не сака да игра, бидејќи знае дека клубот сака да го продаде. Но засега тој е играч на Реал, и додека тој го носи белиот дрес, ќе тренира нормално. Ќе видиме што ќе се случи со него, појасни Зидан.
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај Црник
-

Шпанската полиција заплени 1,5 тони кокаин, меѓу уапсените е и еден хрватски државјанин
-

Пезешкијан: Меморандумот за разбирање со САД е најдобриот начин да се реши војната
-

Ангелов: Попладнево активни повеќе од 15 пожари, два од нив загрозуваат и населени места
-

Украина и Финска потпишаа договор за производство на дронови
-

Арагчи: Новите американски санкции се знак на очај и нема да го скршат Иран
-

Американските авиони поради кои Техеран и се закани на Софија ја напуштија Бугарија
-

Путин: Глорификацијата на нацизмот и неонацистичката идеологија е во темелите на модерната украинска државност
