Зиберај: Србија продава оружје за да купи лажни дипломатски ноти против Косово
Советникот на министерот за надворешни работи на Косово Беџет Пацоли, Јетлир Зиберај вели дека денеска српските медиуми го потврдија тоа што косовската дипломатија го тврди одамна, а тоа е дека со парите од продажбата на оружје Белград купува „лажни дипломатски ноти против Косово“, јави дописникот на МИА од Приштина.
Зиберај на својата страница на Фејсбук објави слика од насловната страница на српскиот весник „Курир“, кој тврди дека зад нелегалната трговија на Србија со оружје во многу земји во светот стои Зоран Вујиќ, близок соработник на шефот на српската дипломатија.
– Денеска самиот српски „Курир“ го пишува тоа што ние го тврдиме од поодамна, дека српските државни функционери ја користат продажбата на оружје во целиот свет против Косово, кршејќи ги меѓународните санкции и закони. Србија ги купува земјите кои издаваат фалсификувани дипломатски ноти во замена за оружје. Тие одат толку далеку за да продаваат оружје и да убиваат недолжни цивили низ светот, само за да ги задоволат сопствените желби во политичката војна против Косово со дипломатски ноти и пропаганда. Вујиќ е човекот на Дачиќ кој патува со куфер-дипломатија, тврди Зиберај.
Ново на Сител
-
Кривична за штипјанец, возел со 1.5 промили алкохол
-
Исчезнато 15-годишно девојче од скопско Кадино
-
Коцевски: Досега нема ниту еден доказ дека било побарано продолжување на лиценцата на „Пулс“ од актуелниот министер за економија
-
Полицијата во контроли на угостителски објекти ноќеска во Битола затекнала 20 малолетници, следуваат пријави
-
Десетици мртви во руски напад на Суми, Зеленски бара светот да ја казни Русија
-
Русија тврди дека соборила 13 украински дронови
-
Велика Британија ја презеде контролата врз фабриката за челик „Бритиш Стил“
-
Обвинителството и МВР ќе информираат за проширената истрага за пожарот во дискотеката „Пулс“