-->
-->
ЖРК Вардар победник на турнирот „Вардар 2015“
-->
Со триумфот на Ростов 29:24, ракометарките на Вардар се победнички на турнирот организиран по повод првиот роденден на СЦ „Јане Сандански“.
Со триумфот вардарки го повторија успехот на машкиот тим кој исто така стигна до трофејот.
„Црвено-црните“ до победата дојдоа со подобра игра во финишот на средбата, откако првото полувреме заврши нерешено 14:14, а гостинките во еден момент имаа и водство со 12:9. Неизвесно и со израмнет резултат се влезе во последните десет минути кога беше скршен отпорот на противникот. Од 22:22, со серија од 4-0 Вардар резултатски се одлепи и ги реши дилемите околу победникот.
Во дуелот за третото место Буќност го победи Лајпциг со 30:23, додека во дуелот за 5.место Савехоф ја совлада Подравка со 22:18.
За освојувачот на трофејот организаторот обезбеди парична награда од 5.000 евра, второпласираниот Ростов освои 3.000 евра, а третопласираната Будуќност 1.000 евра.
Амадин Лејно од ЖРК Вардар е прогласена за најдобар голман на турнирот, за најдобра ракометарка на турнирот беше прогласена Екатерина Илина од Ростов Дон, а наградата за најдобар стрелец ја поделија две ракометарки, Ѓурѓина Јауковиќ од Будуќност и Саскја Ланг од Лајпциг.
фото: www.zrkvardar.com.mk
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра