-->
-->
„Жолтите елеци“ предизвикаа штета од 170 милиони евра
-->
Француската федерација на осигурување (ФФО) проценува дека штетите предизвикана за време на протестите на „жолтите елеци” во Франција изнесува 170 милиони евра, во што не се пресметани последните оштетувања од минатата сабота на авенијата Шанзелизе.
Според ФФО, досега се доставени 10.000 барања за отштета, при што се проценува дека 30 до 40 отсто од претпријатијата немале полиси кои гарантираат покривање на намалување на приходите.
Францускиот министер за економија Бруно Ле Мер изјави дека не сака трговците да банкротираат поради оштетувањата и насилствата за време на протестите со движењето на „жолтите елеци”.
На крајот на февруари, Ле Мер процени дека протестите на „жолтите елеци” ќе резултираат со помал раст на француската економија од 0,2 процентни поени, што според него, претставува „многу висока“ цена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Инзаги: Прво би ја забележал играта на Интер, не резултатот
-
Горивата поевтинуваат од два до 2,5 денари за литар
-
Во близина на семејната куќа во село Ореше пронајден мртов 60-годишен маж
-
Кривична пријава за едно физичко и две службени лица поради проневера во службата
-
Вкупно 895 сообраќајни прекршоци вчера на територија на цела држава, 273 за брзо возење
-
Директорот на Геријатрила барал 100.000 евра мито, предложил пациентот да продаде стан за да дојде до бараната сума
-
Привршува судскиот процес против Мерко за набавката на автомобил „Ауди А6“
-
Во зелениот картон ставил 5 евра, упасен грчки државјанин на Табановце