Живот
24. October 2017 - 15:05

Животот на Кралицата на ромската музика преполн со болка: Се омажила на 15 години, од тага се предала на алкохолот, а умрела од болест и самотија

Пејачката на српската и ромската музика Вида Павловиќ која за верме на богатата кариера го стекнала епитетот „кралица на ромската музика“, со децении многумина ја сметале пејачка со најраскошниот глас, но нејзиниот живот и покрај големата популарност бил преполн со болки. 
 
Вида е родена во Футог во 1945 година, а со пеење почнала да се занимава многу рано - кога на 14 години му се придружила на нејзиниот вујко да пее низ кафеани. 
 
Рано се омажила во петнаесетата година од животот, се венчала со музичарот Александар Павловиќ. Избегала од своето родно место, од родителите и со сопругот се преселила во Сараево. После 10 години пеење по кафеани ја снимила својата прва плоча која е продадена дури во 500.000 примреоци. Нејзниот живот тогаш тргнал во нов правец, но следеле нови промени. 
 
На врвот од кариерата, таа била обожувана како пејачка, многу барана и добро платена. Вида сепак била несреќна. Замислувала дека ќе живее живот како во бајка, со многу деца, но реалноста и „удира шлаканица“. Нејзниот приватен живот ни малку не наликувал на бајка. Не криела колку била несреќна што нема деца, а така разочарана и тажна побарала спас во алкохолот. Кога бракот им пропаднал, Вида и Александар уште некое време  живееле под ист покрив, но во оделни куќи. 
Кога здраствената состојба и се влошила морала да престане да пие, но во последната година од животот и понатазму имала големи проблеми со високиот притисок. 
 
- Ете, јас можам да кажам дека луѓето ме сакаат. Можеби затоа ме фаќа тага, кога ќе помислам дека еден ден морам да престанам да пеам. Кога одам некаде, луѓето ми искажуваат љубов. „ Па каде си кралице, ништо без тебе„ а јас ќе им кажам: „Луѓе,  остарев јас, пуштете ме да одам во пензија“! „Нема шанси“, велат, ова го рекла пејачката во едно од последнните интервјуа. 
 
Својата тага ја пренела низ песните, допирајќи право во срцето на публиката низ целиот регион, но и кај колегитекои ја нарекувале „кралица на ромската музика“. Вида Павловиќ умрела на 10. мај 2005 година на 60-годипна возраст во свјот дом во Белград.