,,Животот ми е божја казна “ – исповед на најстарата жена на светот
Русинката Коку Истамбулова треба да наполни 129 години и е најстара жена на светот.
Таа не му се радува на роденденот , велид ека секој ден за неа е казна. Истамбулова , која е родена и живее во Чеченија , вели дека не памети ниту еден среќен ден во животот и се чуди зошто живее толку долго. Во личната карта е напишано дека е родена на 1. јуни 1889 година .
,,Гледам луѓе кои спортуваат и внимаваат што јадат за да проживеат волку долго, а јас ништо од тоа не сум правела и не знам како толку долго останав жива. Животот не ми беше среќен. Секогаш напорно работев , ја обработував земјата . Уморна сум . Долгиот живот за мене не е божји дар , туку казна . “ , вели Истамбулова , која не јаде месо , а претежно се храни со млечни производи.
Ги изгубила децата низ животот , едниот син кога имал шест години , а единствената ќерка починала пред пет години , кога имала 104. Бабичката се сеќава и на исчамските правила во Чеченија. ,, Баба ми ме тепаше , ако не ми беше марамата добро врзана . Кога дојдоа советите , жените почнаа полежерно да се облекуваат. Ми е жал што веќе не сум мртва. Цел живот напорно работев и никогаш немав време за уживање или забава. Кога Работев деновите побргу ми минуваа , но сега веќе не можам да работам . Во целиот свој живот немав ниту еден среќен ден. “ раскажува најтарата жена на светот.
Според пензискиот фонд на Русија во земјата живеат 37 лица постари од 110 години, а најбројни се во Чеченија.
Ново на Сител
-
УХМР: Студен бран со врнежи од дожд и снег
-
Водата од водоснабдителниот систем на град Скопје е санитарно исправна и може непречено да се користи
-
Путин: Русија е подготвена да ги нормализира односите со САД, но не на сметка на руските интереси
-
Дурмиши: Не треба да се укине „недела неработен ден“, но некои дејности треба да се ослободат
-
Вонредно изборно собрание на ФФМ, Омерагиќ единствен кандидат
-
Хеликоптер на брза помош се урна во Турција, при што загинаа четири лица
-
Во израелските напади загинаа 17 Палестинци во Газа, соопштија локалните медицински лица
-
Атлетико Мадрид нов лидер во Шпанија