Животот е краток, престанете да трчате по луѓето кои не го ценат вашето време
Дали понекогаш сте биле разочарани поради нечиј недостаток на внимание? Дали понекогаш мислите дека давате повеќе од другите луѓе во пријателствата и врските? Дали мислите дека можеби понекогаш ги ставате другите на прво место?
Понекогаш кога сакате некоја личност, не забележувате многу детали. Или пак ги игнорирате оние лошите, а ги цените само добрите карактеристики. Размислете добро. Понекогаш со своите постапки на другите луѓе како да им покажувате дека не ви пречи тоа што не ценат како што заслужувате.
Љубовта прави понекогаш да ги сакаме луѓето премногу, но и да трчаме по нив. Некогаш тоа се пријателства, некогаш врски. Тоа ја намалува нашата самодоверба, влијае многу на нашето расположение и не мачи како личности.
Но, како да препознаете дека го правите тоа?
Не можете да престанете да мислите на таа личност и не размислувате за тоа дека можеби некои знаци покажуваат дека таа не е заинтересирана за вас.
Никогаш не го одбивате нивниот повик и секогаш сакате повеќе време.
Знаете дека можеби не се заинтересирани за вас, но се трудите постојано и упорно да им покажете дека вие сте вистинската личност за нив.
Запаметете, не ги избирајте луѓето кои не ве избираат вам. Забележете ги знаците и потрудете се да сфатите дека заслужувате подобро од тоа. Најдете време да се посветите на себеси, на работите кои ги сакате и што е најважно, на личност која ви одговара.
Ново на Сител
-
Најстудено во Лазарополе, најтопло во Дојран
-
Течат роковите за приговори до ДИК, партиите продолжуваат со изборните активности
-
ЦУК: 1.694 повици на 112 во последното деноноќие
-
Состојба на патиштата
-
САД денеска ќе објават нов пакет помош во оружје за Украина вреден шест милијарди долари
-
Додик подготвен да се поклони пред бошњачките жртви во Сребреница, но не признава геноцид
-
Зеленски повика на инвестиции во украинската одбранбена индустрија
-
Утрото постудено, преку денот сончево со умерена облачност