Животните во Зоолошката градина во Каракас угинуваат од глад
Околу 50 животни во Зоолошката градина во Каракас, најголемата во Венецуела, последниве шест месеци угинале од глад , поради постојан недостиг од храна, јавуваат јужноамериканските медиуми.
Вработени во градината откриваат дека некои од животните биле оставени без храна цели две недели, пред да угинат.
На лавовите и на тигрите како храна им било давано овошје, најчесто манго.
Вработените во Зоолошката градина во Каракас тврдат дека ситуацијата во другите градини во внатрешноста на земјата била уште полоша. Чуварите на тие градини ги молеле локалните продавачи на овошје и месарите да дадат малку храна за животните за да не страдаат изгладнети.
Властите признаваат дека животните угинуваат, но тврдат дека причината не е во недостигот на храна.
Венецуелската опозиција тврди дека ситуацијата во домашните зоолошки градини претставува „метафора за она што се случува во државата“.
Оваа јужноамериканска земја богата со нафта, подолго време се соочува со тешка економска криза, со испразнета државна каса и со неможноста да им обезбеди на граѓаните редовно снабдување со прехранбени и други производи.
Ново на Сител
-
Собранието го изгласа ребалансот на Буџетот
-
Тема на денот со Каја Шукова, кандидатка на СДСМ за градноначалничка на Скопје
-
Линеарното зголемување на пензиите денеска на владина седница
-
СДСМ бара нови мерки
-
Битката во албанскиот блок – фокус на локалните избори
-
Ивановска: Има начини законски да се разреши Димитровска од антикорупциска
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за идејата за резолуција со Бугарија
-
Службите во Македонски Брод со пожари се борат на три фронта