Животна драма: Девојче стоело само на автопатот, а зад него хорор
Животот пишува големи драми. Токму таква се одригра во Канада минатата година.
Централна фигура во приказната е девојчето Лекси Шимански (5) која им го спаси животот на мајката Анџела и братот Питер по сообраќајната несреќа која ја доживеале.
Анџела која го возела автомобилот изгубила контрола над возилото и излетала од патот. Анџела по сообраќајката изгубила свест, како и малечката Лекси. Сепак по некое време девојчето ја разбудило плачењето на нејзиниот брат кој тогаш имал само 10 недели.
Лекси излегла од уништениот автомобил и отишка до самиот пат за да им даде знак на возачките дека им треба помош.
Жената која го забележала девојчето крај автопатот веднаш застанала и повикала помош.
Медицинските екипи веднаш дошле. Мајката Анџела е префрлена во болница и по дваесетина дена потполно се опоравила.
Малечката Лекси доби медал за својата храброст.
Ново на Сител
-
Поради штрајкот на француските контролори на летање откажани повеќе од 1.500 летови
-
ФК Силекс со бесплатен превоз и карти за натпреварот со ФК Дечиќ
-
СПM: Се заострува негаторската политика кон македонскиот идентитет и јазик
-
Путин и Трамп разговараа за Украина и историските врски меѓу Русија и САД
-
Уапсен мотоциклистот кој избега откако усмрти скопјанец на кеј
-
Во Германија уапсен маж, кој со секира повреди четири лица
-
Зеленски: За постигнување на мир во Украина неопходна е лидерска средба
-
Mинистерот Муцунски се сретна со амбасадорката на САД, Агелер