Живко Мукаетов одликуван во Витез на Данското Знаме од Кралицата Маргарете II

Со указ на данската Кралица Маргарете II, Живко Мукаетов, генерален конзул на Кралството Данска во Македонија, e одликуван во Витез на данското знаме.
Престижниот орден кој Мукаетов го доби е признание за неговиот исклучителен придонес во претставувањето на интересите на Кралството Данска во Македонија и промовирање на соработката помеѓу двете земји.
Пригодната церемонија на примопредавање на орденот се одржа во резиденцијата на Кралството Данска во Виена, а одликувањето го изврши Амбасадорката на Кралството Данска во Виена и нерезидентен амбасадор за Македонија, Лиселоте Плеснер.
- Особено задоволство ми е што во име на нејзиното височество, Кралицата Маргарете II можам да го доделам одликувањето „Витез на Данското знаме“ на Живко Мукаетов, како признание за неговата ценета служба како Генерален конзул на Кралството Данска, рече Плеснер, соопшти прес-службата на „Алкалоид“, каде Мукаетов ја извршува функцијата генерален директор.
Таа истакна оти е комплетно уверена дека Мукаетов навистина го заслужува ова признание како истакнат бизнисмен кој раководи со голема индустрија како Алкалоид, дански генерален конзул, и како хуманист кој делува преку Фондацијата „Трајче Мукаетов“ и како човек кој прави максимални напори за спортот.
Ова одликување за прв пат е востановено од страна на Кралот Кристијан V во 1671 година. Орденот е изработен од кралскиот јувелир Антон Микелсен и претставува бел емајлиран крст од данското знаме порабен со црвено. На врвот од крстот е изработен монограмот на Кралицата Маргарете II, а на предната страна стои знакот на основоположникот на „Редот Витез на данското знаме“ со мотото на Редот: Бог и Кралот.
Заблагодарувајќи се за одликувањето, Мукаетов истакна дека тоа за него лично претставува поттик за уште повисоки достигнувања, продлабочување на соработката и промовирање на интересите на Кралството Данска и на Република Македонија на најдобар можен начин.
Живко Мукаетов е именуван за генерален конзул на Кралството Данска во Македонија во септември 2007 година, кога беше најмладиот конзул во данската дипломатска мисија. Неговата политика на делување е насочена кон зајакнување на билатералната соработка меѓу двете земји, интензивирање на трговската размена и асистирање при конзуларните процедури на дански државјани во Република Македонија.
Ново на Сител
-

Мицкоски до Филипче: Со вас бевме на врвот по бројот на починати во корона кризата
-

ЦУК: Активни пожари во Долнени и Кичево, под контрола пожарот кај Кавадарци
-

Две нови електронски услуги на ДИЗ: сертификат за извоз на вино и сертификат за земјоделски производи, преработки и стоки
-

Гаши за Законот за правичната застапеност: Ќе го искористам правото од Деловникот да проценам кога може да го повикам пленумот на гласање по исцрпената расправа
-

Вториот пензиски столб исплаќа пензија за 147 лица, најголем дел со минимален пензиски износ
-

Андоновски: Нема да се уништува животната средина за да се градат дата-центри
-

Прегледани 73 пациенти во јавните здравствени установи во Гостивар
-

Зоран Герасимовски избран за в.д. претседател на Апелацискиот суд Скопје, Ндерим Полиси на Основниот суд Струга
