Живот
1. September 2016 - 15:25

Живеела во хорор: Имала нога како на слон - Од неа извадиле 17 литри течност!

Едната нога ми беше како на слон, другата како на птица, - изјавила Росана Смит (54) од САД, откако од ногата и извадиле 17 литри течност. Таа почувствувала огромно олеснување, бидејќи после неколку децении можела да оди.

Нејзиниот кошмар започнал кога имала 18 години. Ногата почнала да и отекува многу брзо. Се случило наеднаш, преку ноќ. Таа се разбудила едно утро, а ногата и глуждот и биле отечени. Стапалото, како што вели таа и изгледало како оклоп на желка. Ногата и станала преголема, па жената посетила лекар. Тогаш имала 29 години, а дијагнозата била страшна - лимфедем. Се работи за неизлечлива болест која може да ги зафати рацете или нозете.

Се јавува поради блокада на лимфниот систем, па затоа течноста се акумулира во одреден дел од телото. Може да биде примарна (се појавува сама од себе) или секундарна (се јавува како последица од некои други болести и лечење, на пример кај лечење од рак).
 
Иако нема лек, постојат методи кои можат да им го олеснат животот на пациентите. Оваа жена својто спас го пронашла во Јужна Кореја. 
 
Но, таа не можела да плати, па две години собирала пари за лечење.
 
Конечно дошол денот кога таа седнала во авион и тргнала по лек.
 
Таму била подложена на специјален третман и липосукција на матичните клетки. Нејзината нога сега е два пати потенка од што била, повторно може да се наведнува и да оди без помагала.
Таа е среќна што нејзината нога не е толку голема, но признала дека таквата состојба и го уништила животот. Се прашувала зошто тоа и се случило токму на неа и стравувала од тоа што ќе се случи во иднина со оглед на тоа дека нема лек, а ногата била се поголема и поголема.
 
- Тоа потполно ми го промени животот. Во почетокот можев некако да го сокријам тоа, но подоцна не можев зџатоа што ногата стануваше огромна. иако по природа сум весела личност, се повлеков во себе и не сакав да излегувам од дома. Ми беше срам. Сите гледаа во мене каде и да се појавев. Некои ми довикуваа, „еве ја девојката со големата нога“. Запознавав момчиња кои беа заинтересирани за врска со мене, но ги губев веднаш откако ќе ми ја видеа ногата, бегаа од мене, - изјавила после враќањето од Јужна Кореја.
За третманот во Јужна Кореја дознала читајки медицинска литература. Матичните клетки и биле извадени од стомакот и вбризгани во ногата, за тоа платила 20.000 долари. 
 
Лекарите и рекле дека ногата уште ќе и слабее, односн одека ќе загуби 80 проценти од оригиналната форма.
 
Сега секој месец мора да прима инекција која спречува повторно собирање на течноста. Тоа ја чини 800 долари за инекција. Вели дека здравственото осигурување во САД не го покрива тој трошок, па мора самата да се снаоѓа, пишува „Daily Mail“.