Македонија
24. January 2021 - 17:32

Живеат на 15 километри од Скопје, немаат безбедна вода за пиење, а плаќаат сметки

На 15 километри од центарот на Скопје жителите на село Љубанци ги немаат основние услови за живот. Вода има но не е за пиење.

Песок и разни честички забележуваат во водата од домашните чешми. На моменти таа не е употреблива ниту за лична хигиена.

За да дојдат до питка вода полнат од селската чешма за која не добиваат навреме информација дали е добра за конзумација.

Изворот е во непосредна близина до селото. Во 2012г ЈП Водовод и канализација го презема одржувањето на системот. Таму пред 6 години е изградена мала хидроцентрала. Нема чиста вода, летен период ич нема, едниот дел од селото па другиот

Матна вода ниту за пиење ниту за јадење. Одиме на долната селска чешма. Не сум чул дека контролира, претх година ја забраниај за уптреба па пак пуштија. Кога е изградена – пред 5, 6 години незнам кој ја изгради ама се собираа потписи се надевавме дека ќе има повеќе вода а се искористи за др намена)

Експертите оценуваат дека овој извор е чист пример за лошо управување со водите.

Секое водно тео кое е наменето за конзумација треба да биде заштитено. Многу граѓани имаат пристап до вода но истата не е квалитетна.

Од центарот за јавно здравје велат мештаните пијат квалитетна вода, но пред конзумација треба да ја истечат. .Доколку при испитувањето кое редовно го вршат наидат на лоши резултати од примероците земени од јавните чешми, навреме ги информираат жителите.

Додека да се применат европските стандарди и регулатива Македонија треба да го ратификува протоколот за вода и здравје предупредуваат експертите бидејќи само на тој начин ќе се заштити квалитетот на водата.