Ѓулкица Сакиќ Амзиќ, ќерката на Синан, потврди за српски Курир дека нејзиниот татко е жив, и дека очекува да се опорави.
-Во шок сме, се исплашивме кога ги слушнавме ваквите вест. За среќа, тато е жив и очекуваме да се опорави и наскоро да биде пак со нас, рече ќерката на Синан.
И популарната пејачка Шемса Суљаковиќ, пријателка на Синан потврди дека тој е жив.
-Тоа се неточни информации, пред малку разговарав во неговиот син и Синан е уште жив, реше Шемса.
Сабрина Сакиќ кажа дека се уште е на интензивна нега и дека му е подобро.
Синан се наоѓа во Клиничкиот центар во Тузла и тоа на интензивна нега поради енцефалопатија на црниот дроб.