Жителите на Њујорк од денеска добиваат 100 долари за прва доза вакцина
Почнувајќи од денеска, секој жител на Њујорк кој ќе прими прва доза вакцина против коронавирус ќе добие подарок од 100 американски долари.
Градоначалникот Бил де Блазио во средата објави нов поттик за вакцинација, што ги стимулира граѓаните да ја примат првата доза од вакцината против Ковид-19.
Поттикот вреден 100 долари важи за сите граѓани и вработени кои сè уште не ја примиле првата доза, јави Си-Ен-Ен.
Секој што не сака пари може да добие друг еден подарок, како што се билети за натпревари на ФК Њујорк сити, билети за Бруклин Сајклонс, пропусница за 10 возења со траектот NYC Ferry и некои други поволности.
Поттикот доаѓа откако Делта варијантата го зголеми бројот на заболени низ целата земја и ги принуди Центрите за превенција и контрола на болести да издадат нови упатства за носење маски.
До денес, Њујорк има дистрибуирано близу 10 милиони дози вакцини, а повеќе од 4,9 милиони жители на Њујорк добиле најмалку една доза, информира Де Блазио.
Ново на Сител
-

Почина италијанскиот моден креатор Валентино
-

Мицкоски од Давос: Ќе имаме бројни состаноци за нови инвестиции и подобрување на економската состојба
-

Македонската фудбалска репрезентација остана на 66. место на ФИФА рангирањето
-

Бугарскиот претседател Румен Радев објави дека утре ќе поднесе оставка
-

Датумот за вонредниот самит на ЕУ е потврден - 22 јануари
-

ЦИК на Косово: Се повторува пребројувањето на сите гласови од парламентарните избори одржани во декември лани
-

Македонците во Албанија го одбележаа Богојавление, во Пустец крстот го фати Данко Марко
-

Жител на Радичево починал откако паднал во шахта
