Жителите на Ахен добиваат јод поради страв од атомска централа
Властите во германскиот град Ахен, кој е сместен до самата граница со Белгија, добиваат бесплатно таблети со јод, поради можната опасност од радијација од стара нуклеарна централа.
Ваквите таблети може да го намалат ризикот од добивање рак на тироидната жлезда кој се јавува како директна последица од радиоактивна радијација.
Белгиската нуклеарно - електрична централа (НЕЦ) е на само 70 километри од Ахен на белгиска страна од границата.
Централата од поодамна се означува како ризична и небезбедна, и поради тоа што таа се уште е активна, на германската територија досега се организирани повеке антинуклеарни протести.
Од безбедносни причини, владата на Белгија досега затвори седум нуклеарни реактори од постар датум, но белгиската агенција за нуклеарна енергија уверува дека нема никаква непосредна опасност од можна хаварија на „нуклеарката“ близу до германската граница.
Владата на Германија веке објави дека планира затворање на сите германски нуклеарни централи до крајот на 2022 година.
Сличен план има и белгиската влада, но владата во Брисел, засега, нема решение за тоа како да се надополни кусокот од шест илјади мегавати, што ке се создаде со гасењето на сите белгиски нуклеарни централи.
Ново на Сител
-
Путин му даде азил на Башар ал Асад и неговото семејство
-
Утре протести поради загадениот воздух
-
Анализа: Mожат ли македонските институции да се справат со овогодинешниот снег и евентуални поплави?
-
Интензивните врнежи од дожд предизвикаа одрони на повеќе патни правци на истокот
-
Најмалку 6 вработени ја напуштиле Онкологија за половина година, а клиниката се уште чека нови вработувања
-
Ѓорѓиевски: Кандидатурата за Скопје ќе значи добивка и за Кисела Вода и за сите скопјани
-
Средба на лидерите на ВЛЕН
-
Учениците учат само за оценка