Интензивните врнежи од дожд предизвикаа одрони на повеќе патни правци на истокот
Интензивните врнежи од дожд изминатите неколку денови активираа повеќе свлечишта на неколку патни правци во источниот дел на државата. Екипите на Mакедонија пат постојано се ангажирани на чистење на одроните, но по краток период од расчистувањето повторно камења се тркалаат долж коловозот.
- Одроните се интензивни и тоа од с. Истибања до граничниот премин Делчево, од Превалец кај Виница до Берово, од Бероо кон Струмица и од Делчево до Берово. Тоа се патните правци на кои се појавуваат одрони. Редовно се чистат, но после заминувањето на екипите на некои места исто како да не е чистено, изјави Влатко Цоневски, Раководител на Македонија пат
Поради позитивните температури, нема мрзнење на коловозните ленти. Од Македонија пат со апел до возачите за внимателно возење, почитување на сообраќајната сигнализација и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
-
Tрајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар