Жител на Здуње доби притвор, полицијата му пронајде марихуана во домот
Триесет и две годишен жител на гостиварско Здуње е лишен од слобода поради пронајдена марихуана во неговиот дом. По поднесената пријава, судија во претходна постапка му определил 30 дневен притвор.
Од СВР Тетово информираат дека полициски службеници на ОВР Гостивар вчера околу 10 часот и 15 минути го лишиле од слобода М.Н.(32) од гостиварско Здуње, поради основи на сомнение за” неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.
При претрес на неговиот дом извршен на 2 јануари годинава, била пронајдена марихуана. Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар и со соодветна пријава денеска е изведен пред судија во претходна постапка на Основен суд Гостивар, кој му определил мерка притвор од 30 дена. Во текот на вчерашниот ден тој е спроведен во КПУ Затвор “Скопје” во Скопје.
Ново на Сител
-
На Санторини прогласена вонредна состојба
-
Неколку лица ограбиле, па запалиле деловен објект во Бутел
-
25-годишен маж по расправија со својот брат, си ја запалил куќата
-
Триесетдневен притвор за поранешниот директор на СОЗР, Пеце Мирчевски
-
МВР: Извршени претреси на 16 локации во Одделот за општи и заеднички работи
-
ZANO донира инхалатори за пациенти со муковицидоза
-
Приведени двајца лихвари во Радовиш, од кои едниот е полицаец
-
Мерсие: Отвореното писмо на Кос за случувањата во Србија не е порака кон студентите