Жител на Табановце физички нападнал вработен во отсекoт за управни работи - Куманово
Жител на Табановце физички нападнал вработен во отсекот за управни работи во Куманово, соопшти денеска полицијата. Нападот се случил вчера, кога четириесет и двегодишниот жител на кумановското село Табановце Н.П. го нападнал вработениот во просториите на отсекот за управни работи - Куманово.
- Вчера во 10:25 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.П.(42) од село Табановце, Кумановско затоа што во просториите на отсекот за управни работи Куманово физички нападнал еден вработен, кој извршувал службени дејствија. Н.П. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, информираше полицијата.
Претходната недела СВР Куманово информираше дека Одделението за управни работи - Куманово од почетокот на годинава издало над 10.500 пасоши, над 9.000 лични карти и над 4.000 возачки дозволи.
Одделението работи со четири кабини за фотографирање и работи во две смени, од 7:30 до 19:30 часот.
Ново на Сител
-
Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
-
Скопјанец ги претепал сопругата и малолетниот син, ја искршил и влезната врата од зградата
-
Претрес во скопско, пронајдено оружје и муниција | ФОТО
-
ЕУ ѝ префрла на Украина 1,5 милијарда евра приход од замрзнати руски средства
-
Тетовчани се скарале поради паркинг место, по што едниот извадил пиштол и му се заканил на другиот
-
Драма во Собрание: Неколку пратеници добиле заканувачки пораки
-
Институциите премолчуваат глорификација на терористи и прекршување на Законот за јазиците обвинува Левица
-
Комбе со мигранти се преврте на автопатот кај Бела Паланка, околу 50 повредени