-->
-->
Жител на Поградец фатен со 120 литри шверцувана нафта од Македонија
-->
Албанската полиција привела жител на селото Удениш, кај Поградец, во чие возило открила 120 литри нафта, прошверцувана од Северна Македонија.
- Четириесет и деветгодишен маж се гони откако во неговото возило беа откриени пластични боци со шверцувана нафта, кои беа запленети. Службените лица возилото го стопирале на влезот во Поградец, стои меѓу другото во полициското соопштение.
Против него ќе биде поднесена соодветна пријава а случајот е под надлежност на Судот и Обвинителството во Корча.
Ова не е прв откриен случај на шверц на гориво од македонска на албанска територија. Тоа e поради повисокиот квалитет, но и пониската цена на горивата во Северна Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Европските лидери во Лондон бараат решение за крај на војната во Украина
-
Анализа: Ќе излезе ли Европа единствена по Лондонскиот самит за Украина?
-
Владата нема да ги плаќа придонесите за минималецот
-
Трибина: Како станавме увозно зависни за храна?
-
По 23 пат во Прилеп „Карневал Прочка“
-
Наместо месечно или парцијално државата годишно ќе го набавува лекот Tрикафта за Цистична фиброза
-
Фатени 15 рибокрадци само во месец јануари
-
Преглед на вестите од светот