-->
-->
Жител на Мокрино преку фејсбук му се заканувал на премиерот
-->
Триесет и тригодишен жител од струмичкото село Мокрино заработи кривична пријава поради упатување закани кон премиерот на Република Македонија и неговото семејство преку социјалната мрежа фејсбук.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднел кривична пријава против Д.П.(33) од село Мокрино, Струмичко поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „загрозување на сигурноста“.
Пријавениот со употреба на корисничко име „Андон Косето“ на социјалната мрежа Фејсбук споделил објава со чија содржина упатил закана кон премиерот на Р.Македонија и неговото семејство.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Струмичани ќе добиваат вода за пиење од апарати и канистри поставени низ градот
-
Собранието ќе ја започне 16. седница
-
Седница на Уставен суд
-
Првите 100 дена на новата Влада за власта успешни, опозицијата со серија критики
-
Папата Франциск побара прошка за сексуалната злоупотреба и третманот на жените во Црквата
-
Две експлозии во Копенхаген
-
Итна седница на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата на Блискиот Исток
-
Сообраќајот се одвива по суви коловози