-->
-->
Жирона повторно лидер во Шпанија
-->
Фудбалерите на Жирона се вратија на чело на табелата во Ла Лига, откако синоќа го совладаа на домашен терен Алавес со 3-0 во рамки на 17. коло во шпанското првенство.
Рутинската победа на најпријатното изненадување сезонава во Шпанија ја навести украинскиот напаѓач Артем Добвик во 23 минута, а пред крајот на првиот дел предноста ја зголеми Порту (42. минута).
Печат на победата во 59. минута од пенал стави Добвик, кој дојде до бројката од десет голови сезонава во Ла Лига и е втор на листата стрелци зад Џад Белингем од Реал Мадрид (13 голови).
Со победата тимот предводен на клупата од Мичел Санчес се врати на чело на табелата со 44 бодови, два повеќе од Реал Мадрид на второто и девет повеќе од Барселона на третото место.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поднесено обвинение за убиството на малата Данка Илиќ
-
Поднесено обвинение за убиството на Данка Илиќ
-
Трет уписен рок за студирање на УКЛО-Битола
-
Започнува Генералното собрание на ОН, Сиљановска Давкова ќе учествува на Годишниот состанок на Платформата на жени – лидери
-
„Јутјуб“ воведува реклами на паузирано видео
-
САД: Жртва на киднапирање се спои со семејството по 70 години
-
Новата сезона во АБА 2 стартува утре со три македонски екипи
-
Менди го продолжи договорот со Реал