Фудбал
16. May 2023 - 19:58

ЖФК Љуботен го освои Купот на Македонија

Женскиот фудбалски клуб на Љуботен го освои Купот на Македонија, совладувајќи ја Каменица САСА со 4:0.

Головите за Љуботен на стадионот во Ѓорче Петров денеска ги постигнаа Делгадо Бенедито Мајса, Гоја Тчеури Харуми, Едите Силва Присцила и Петкова Бојана.

За Љуботен, ова е прво финале во ова натпреварување, воедно и прва титула, а Каменица САСА не успеа да го одбрани Купскиот трофеј од лани.

Правдата на натпреварот ја делеше судијката Ирена Велевачковска со асистентите Елена Соклеска Илиевски и Тамара Цветановиќ. Четврт судија на натпреварот беше Марија Конеска.