Жестоки реакции во Британија по воведувањето на новите мерки
Новите ограничувачки мерки што ги објави премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, против коронавирусот, наидоа на жестоки реакции во јавноста и деловните кругови.
Опозициските лабуристи бараат разјаснување на предлогот за користење на војската за поддршка на полицијата како дел од новите рестриктивни мерки за борба против коронавирусот.
Синоќа, Џонсон, презентирајќи нови мерки што би можеле да останат во сила во земјата шест месеци, предупреди дека Велика Британија достигнала опасна пресвртна точка во борбата против коронавирусот.
Тој исто така најави и можен ангажман на армијата за поддршка на спроведувањето и контролата на мерките во борбата против ширењето на коронавирусот.
Истовремено, ги повика граѓаните да работат од дома, доколку се во можност, а од четврток баровите и рестораните ќе мора да се затворат во 22 часот и да ги опслужуваат гостите само на маси
Ново на Сител
-
Активни шест пожари, вкупно 14 на отворен простор
-
Пронајдена е исчезнатата Билјана од Прилеп
-
Пронајден починат 55-годишен скопјанец во водите на Охридското Езеро
-
Редици пред првата „Лабубу“ продавница во Германија
-
Скопско со нова кампања: Вкусот што нѐ опушта и прави да сме свои
-
На „Табановце“ за влез и излез од државата се чека 20 минути
-
Во Газа досега загинаа 232 новинари
-
Отстранети пешкири, лежалки и чадори поставени без дозвола на плажите во Полихроно и Калитеа