Жерновски, вака ли се грижиш за Центар?
Дали Андреј Жерновски ги почитува законите и вака ли се грижи за зеленилото во Општина Центар? Денес работници на Општина Центар во строгото централно градско подрачје извршија сеча на многулетни дрва која помина без вообичаената протестна активност на граѓаните кои вообичаено реагираат за оваа појава.
Потсетуваме дека во изминатиот период градоначалникот на општината Центар беше жесток противник и критичар на секое исечено дрво и најавуваше масовно садење во општината. Оваа фотографија покажува дека на терен реалноста е сосема спротивна.
Согласно со законот, сечењето на дрвата вообичаено се прави со согласности и дозвола од градот Скопје. Но, овој пат општината ја уништува парковската површина без таква дозвола.
Како на оваа ќе реагираат граѓаните и општината? Дали загржените “паркобрани“ и денес ќе излезат на протест за овие дрва? Според законот, само ЈП Паркови и зеленило смее да исече и кастри дрва во Скопје.
Ново на Сител
-
Десетици илјади на протест во Белград - 15ти за 15те
-
Мицкоски: Ги следиме случувањата во Србија
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-
Диви депонии
-
Десетици илјади на протест во Белград - 15ти за 15те
-
Спасувачка акција на Мавровскo езеро
-
Почина мотоциклист по тешката сообраќајка во Влае - моторот преполовен на два дела
-
Мицкоски: Без разлика дали ми се допаѓаат или не, нема да коментирам судски одлуки