Жените земјоделки ги бараат своите права

Жените земјоделки во земјава се уште ги немаат добиено своите права, велат од прилепската невладина организација „Лаг Агро Лидер“ кои истакуваат дека на жените земјоделки не им треба програма, туку пристап до права. Се уште не се решени отсуството од работа и платеното породилно отсуство. Во земјава се преку 38 000 регистрирани жени-земјоделки преку земјоделски стопанства. Имаше социјална програма, но потребен е пристап до права. Има системска дискриминација.
-Комисијата за заштита и спречување од дискриминација веќе донесе документ и решение дека станува зборза системска дискриминација со која жените земјоделки да не можат да обезбедат пристап до еднакви права како жените работнички во другите сектори. Се надевам дека политичарите ќеимаат вистинска волсјаи, ако не овааа година, туку догодина за меѓународниот ден на руралната жена, 15 октомври, ќе можеме, како држава да се пофалиме дека на овие жени, вклучени во земјоделскиот сектор им се обезбедени правата за пристап до финансиска сигурност за грижаза дете, бременост и мајчинство,вели Марина тошеска, претседателка на невладината „Лаг Агро Лидер“ од Прилеп.
Елизабета Олиманова е рурална жена, земјоделка од прилепското село Славеј. Се бори за поголемо производство, за подобар пласман, за здраво семејство. Вели, земјоделството го „лекувале“ многу но со погрешна дијагноза. Потребни се сигурни цени, пласман и заслужено место во производството на храна.
-За жал, земјоделецот е тој што има најмалку корист од тоа што го произведува,а најголем, ќар имаат трговците. Од државата бараме помош да има организирано производство и да има одредени претходно одредени цени за луѓето да знаат што да произведуваат. За да не се појавува вишок на храна и да бидат задоволни и едните и другите,вели Олиманова.
МИА
Ново на Сител
-

Бензините и екстра-лесното поскапуваат за 0,5 денари, цената на дизелот останува иста
-

Претстои нестабилно време со пороен дожд и засилен ветер, преодно стабилизирање од петок
-

Трагедија кај Кочани: Млад мотоциклист загина во сообраќајна несреќа
-

Авганистанец силувал 11 годишно девојче во училиште за посебни потребни во Кобленц
-

Средба Мицкоски - Пленковиќ во Охрид, ќе бидат потпишани договори за стратешка соработка
-

Со автобус во првиот квартал превезени 9.348.000 патници
-

Потпишан меморандум за соработка помеѓу ЦУК и УХМР
-

Премиерот Мицкоски го пречека хрватскиот колега Пленковиќ
