Живот
6. September 2015 - 16:55

Жените го одбраа идеалниот пенис

Кога станува збор за машкиот полов орган, жените земаат во предвид многу повеќе од само големината - дебелината и обликот играат подеднакво важна улога. Во ново истражување на оваа тема, жените го одбраа идеалниот пенис со помош на 3Д-испринтани модели од различни пениси.

Истражувачи од UCLA и универзитетот во Мексико, решија да испринтаат 3Д модели од пениси, за да добијат пореални и точни резултати на истражувањето на тема идеален пенис.

75 жени, во изборот од 33 модели на пениси со различна големина, дебелина и облик, ги издвоија нивните идеални машки полови органи. Имено, поголемиот процент од жените одбраа пениси со големина малку над просечната, а нивниот избор малку варираше во контекстот на врска - за една вечер, или долга врска.

За партнер со кого би биле во подолга врска, жените одбраа идеална должина од 16 сантиметри, а обиколка (растојанието околу пенисот) од 12 сантиметри. За партнер со кого би поминале една вечер, жените сакаат маж со големина на пенис од 16,3 сантиметри и обиколка од 12,7 сантиметри.

Целосното истражување прочитајте го тука.