Македонија
8. July 2020 - 11:25

Жена удрила пешак во Скопје по што побегнала од местото на настанот

Вчера на бул. „Партизански одреди“ во Скопје, непознато женско лице кое управувало возило со шведски ознаки, удрило во 76-годишен пешак, па избегало од местото на настанот. Како што стои ви соопштението од МВР:

„На 07.07.2020 во 12.20 часот било пријавено дека на паркинг простор на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, патничко возило „фолксваген“, со шведски национални ознаки, управувано од непознато женско лице, удрило во пешакот В.Т.(76) од Скопје, по што го напуштило местото на незгодата. 

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил пешакот В.Т., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.