Македонија
8. March 2024 - 16:39

Жена турната од зграда во Охрид

Жена падна од трети кат на социјална зграда во Охрид, приведени две лица на возраст од 32 и 21 година .

Немилиот  настан се случи денеска каде се сместени социјално ранливи семејства на улицата „Карпош Војвода“ .Од охридската полиција го потврдија немилиот настан кој бил пријавен во 11 часот и 10 минути од страна на случаен минувач.Неофицијално дознаваме дека   на распит кажала дека сама паднала, но очевидците кои не сакаа да зборуваат пред камера сведочат  дека  слушале вербална расправија од терасата .

Од охридската полиција велат дека работат на расветлување на случајот .

Од болницата „Св.Еразмо“ посочуваат  дека биле констатирани тешки телесни повреди, и искршени ребра па жената била веднаш препратена на Хируршкото одделение во Општата болница во Охрид.