Балкан
19. April 2017 - 22:50

Жена почина среде центарот на Белград: Наместо да и помогнат, луѓето ја прескокнувале

Една жена од Белград починала денеска во центарот на градот, а неколку луѓе пред тоа буквално ја прескокнувале и не сакале да и помогнат. 

На целата сцена присуствувала девојка која се стрчала на помош, додека несреќната жена ја прескокнувале. Таа револтирана од оваа ситуација, па својата реакција веднаш ја напишала на социјалната мрежа Фејсбук. 

Но за жал девојката не успеала да и помогне на жената, па починала на лице место.