Жена патува гола низ светот, ја следат повеќе од 200 илјади
Стер Кордс на Инстаграм е позната како “a.naked.girl” има премнгоу голи фотографии, а сите ги направила за време на патувањата. Оваа холандска убавица секојдневно објавува нови фотографии од својот задник, а има околу 208.000 следбеници.
На таа идеја се присетила откако ја гледала веб страницата “Get Naked Australia”.
- Соблекувањето во јавност и понатаму е табу тема, имам многу следбеници, главно мажи, кои ова го гледаат како сексуално нешто. Не можам да направам многу за да ја променам нечија перспектива, вели Стер.
- Најчестата порака која ја добивам е “прати ми голи фотографии, кои секако дека не им ги праќам”, вели Стер.
Убавата русокоса никогаш не се соблекува на улица и во гужви, тоа секогаш го прави на нудистички места или каде ќе биде сосема сама.
“Никогаш не шетам гола на јавни места, како што се улиците и останатите урбани површини”, вели Стер.
Оваа русокоса вели дека нудизмот не е нешто поради кое луѓето треба да се плашат, посебно не помладата генерација. Таа мисли дека сите всушност се срамат од своето тело и поради тоа имаат негативни реакции на нудизмот. Таа вели дека најголемата причина поради која се соблекува е тоа што сака да ги поттикне луѓето да ги прифатат своите недостатоци.
- Добивам многу пораки од луѓе кои би сакале да бидат нудисти, но се плашат да се соблечат. Кога жената ќе се соблече во јавност, веднаш велат дека бара внимание. Кога мажот ќе се соблече во јавност, тој е преверзник. Но, тоа е далеку од вистината, вели таа.
Ново на Сител
-
Синдикатите и работодавачите со различни ставови за „недела неработен ден“
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија и труд
-
Маркетите ги вратија старите цени на производите кои ги покачија, а не се дел од Новогодишната кошница
-
По повод 45 години Пекабеско ќе донира 30.000 евра за најмладите
-
Последни пратенички прашања за годинава
-
Собранието на чекор до разрешување на членови на Судски совет
-
Дали има судир на интерес во одлуката на Антикорупциска за назначувањето на Бојан Христовски во АНБ?
-
Етнички права во правна држава