-->
-->
Жена од Велес нова жртва на коронавирусот
-->
Во Велешката болница почина жена на 84-годишна возраст од Велес, позитивна на Ковид-19 која била лекувана десет дена во Модуларната болница. Таа е 150 жртва од Велес и Велешко што почина како последица на Ковид-19.
- И вчера во Велешката болницата исто така почина жена, на 81-годишна возраст од Велес, информира портпаролот на болницата д-р Елеонора Јованова.
Во Велешката болница вкупно се хоспитализирани 97 лица, од кои 85 се потврдени позитивни, четворица се сомнителни и осум пациенти со негативен брис, но се задржани на болничко лекување. Споредено со вчера има пет пациенти помалку кога беа хоспитализирани 102 пациенти од кои 95 потврдени на Ковид-19.
Јованова информира дека на кислородна поддршка се 45 пациенти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нови сведоштва: Стојанче со години ја малтретираше Ивана
-

Одложено судењето за 13 полицајци за кочанската трагедија
-

Владата ќе анализира дали се оправдани најавите за зголемување на цената на лебот
-

Сеидбата на ориз под знак прашалник, производната цена вртоглаво расте
-

Климатските промени негативно влијаат врз земјоделските култури
-

159 деца повредени во сообраќајки, невниманието најчеста причина
-

Преглед на вестите од светот
-

Преглед на вестите од светот
