Железничка линија Софија-Скопје приоритет за Бугарија и Македонија

Изградбата на железничка пруга од Софија до Скопје е приоритет, оценија бугарскиот министер за транспорт, и информациски технологии Ивајло Московски и неговиот македонски колега министерот за транспорт и врски Горан Сугарески на средбата во Софија.
Железничката врска, нагласија, е од суштествено значење за слободен проток на патници и стоки, а за реализација на проектот се неопходни средства за изградба на пругата на македонска страна, за модернизација на пругата од Софија до Ѓуешево, како и за доизградба на 2,5 километри од Ѓуешево до македонската граница.
Московки порача дека очекува гаранции од македонската страна за изградба на пругата од Бељаковце до бугарската граница и додаде дека веќе се осигурани средства за модернизација на пругата Софија-Перник-Радомир-Ѓуешево.
Двајцата министри се согласија дека со буџетите на двете држави тешко може да се реализира железничкото поврзување и додадоа дека е неопхдоно со заеднички сили да се бараат инвеститори од странство.
Министерот Сугарески, пак, информирал за напредокот на проектот за изградба на пругата од Крива Паланка до границата со Бугарија што треба да се реализира во близината на граничната линија меѓу двете земји и за кој е неопходна изградба на трансграничниот тунел „Деве Баир“.
Ново на Сител
-

Последната група од ОАЕ пристигна на скопскиот аеродром
-

Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор
-

Опозицијата ќе поднесе предлог закони за ублажување на кризата
-

Ацо Ристов чекор поблиску до претседател на Регулаторната комисија за енергетика
-

ВМРО-ДПМНЕ: Синдикалниот протест организиран од СДС и ССМ доживеа дебакл
-

Шилегов и Филипче меѓусебно се обвинуваат за соработка со Мицкоски
-

Јавна расправа за новиот закон за обвинителство
-

Малолетници и пиротехника без контрола: Потфрлило обезбедувањето во „Пулс“?
