-->
-->
Железничка линија Скопје-Солун-Скопје од 15 месецов
-->

Железници на РСМ Транспорт информираат дека од 15. месецов се воведува тарифска понуда City Star за повратно патување на релација Скопје-Солун-Скопје.
Во објавата на веб страницата на железничкото претпријатие е наведено дека цена на чинење на возниот билетот е во зависност од бројот на патници кои патуваат заедно, но најмногу пет возрасни лица и едно дете.
Билетите може да се извадат на патничка благајна во станица Скопје и на патничка благајна во станица Солун.
Ако групата ја сочинуваат пет возрасни патници, билетот за еден патник ќе изнесува 13,5 евра или 836 денари. Во случај кога групата ја сочинуваат пет возрасни патници и едно дете, билетот за еден патник ќе изнесува 12,20 евра или 756 денари, информираат од МЖ Транспорт.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Моника Зајкова, лидер на ЛДП
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

Привршува подготовката на новикот Изборен законик
-

Конечно ќе почне изградбата на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце
-

Осветен 20 метарски крст во Таринци - донација од три семејства
-

Пожарите го кренаа револтот во Штип
-

Велосипедистите бараат поврзување помеѓу Охрид и Струга
-

Преглед на вестите од светот
