Ждрепка за плејофот од Лигата на шампионите
Осум екипи се пласираа во осминафиналето на Лигата на шампионите, откако завршија на првите осум позиции во главната фаза од новиот формат на Лигата на шампионите. Преостанатата половина од учесниците во осминафиналето ќе биде одредена по плејоф рундата во која ќе учествуваат 16-те екипи кои завршија од деветтото до 24-тото место. Тие денеска во 12 часот ќе учествуваат во ждрепката со која ќе бидат одредени осум парови.
Претстојат натпревари на домашен и на гостински терен меѓу ривалите од соодветните двојки, кои се поделени на носители и неносители. Носители се оние кои се пласираа од деветто до 16. место во главната фаза. Екипа од оваа листа ќе се соочи со една од следните осум екипи во поредокот, кои не се носители.
Носители: Аталанта, Борусија Дортмунд, Реал Мадрид, Баерн Минхен, Милан, ПСВ Ајндховен, ПСЖ, Бенфика
Неносители: Монако, Брест, Феенорд, Јувентус, Селтик, Манчестер Сити, Спортинг Лисабон, Клуб Бриж
Според новиот правилник, пак, секој од учесниците во ждрепката има само две опции за противник во плејоф рундата. Ова е одредено врз основа на конечниот пласман на секоја од гореспоменатите состави во главната фаза. Колку некој е понапред во поредокот, толку поназад ќе биде неговиот можен противник, и обратно.
На пример, првиот тим на листата – Аталанта, кој заврши на деветтото место, или ќе игра со последниот – Бриж (24.) или со претпоследниот Спортинг (23). Истото важи и за Борусија (Дортмунд), која е десетта по главната фаза. Следните двајца во поредокот – Реал Мадрид (11.) и Баерн (12.), ќе се соочат со тимовите кои завршија на 22. и 21.позиција – Селтик и Манчестер Сити, при што ждрепката ќе одреди кој против кого ќе игра.
Учесниците во соодветните двојки веќе имаат јасност за тоа кои ќе им бидат можните противници во осминафиналето. И тука во овој случај има само две опции. На пример, во плејоф рундата ќе има два пара во кои ќе настапат Монако, Брест, ПСЖ и Бенфика. Потоа двајцата победници од тие ќе се соочат со Барселона или Ливерпул.
На денешната ждрепка може да се соочат две екипи од иста земја и оние кои веќе беа ривали во главната фаза.
Натпреварите ќе се играат на 11/12 и 18/19 февруари. Домаќини во реваншите ќе бидат носителите.
Ново на Сител
-
СДСМ и Левица со заедничка иницијатива – проблемот со загадувањето се сели во Собрание
-
Депонии покрај Треска – секој фрла ѓубре каде ќе му текне: Како до решение?
-
Бојкотот на маркетите – аларм за трговците и власта
-
Советниците на Град Скопје пак не дозволија да се набават нови автобуси за ЈСП
-
Грипот во пораст – Комисијата за заразни болести ја следи состојбата
-
Седница за пратенички прашања во Собранието
-
Опозицијата иницира надзорна расправа за решавање на проблемот со загадениот воздух
-
Граѓаните се повеќе пријавуваат лекари кои им побарале мито