Жбогар: Во Брисел има голем оптимизам дека Македонија тргна напред

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорот на Европската унија во Република Македонија, Самуел Жбогар, соопшти владината прес-служба.
- Постои голем оптимизам во Брисел дека Македонија е конечно подготвена да оди напред во интерес на иднината на граѓаните и на државата. Република Македонија ја има најголемата шанса за успех досега за остварување на стратешките евро-атлантски цели, пренесе евроамбасадорот Жбогар на средбата со премиерот Заев.
Премиерот заев посочи дека Владата фокусирано го реализира реформскиот План 3-6-9 низ инклузивни политики на соработка во општеството, работи на подобрување на животниот стандард на граѓаните, како и на пријателска, принципиелна и конструктивна соработка со соседите и со земјите членки на ЕУ и НАТО.
- Владата на Република Македонија е определена да обезбеди квалитетен живот на граѓаните. Ќе ги спроведеме потребните реформи и низ политиките на градење мостови ќе ги осигураме евро-атлантските перспективи. Сметаме дека со сите позитивни чекори што ги правиме како Влада и како држава, реални се надежите Република Македонија да добие чиста препорака и датум за преговори со ЕУ, како и покана за членство во НАТО, рече премиерот Заев.
На средбата со евроамбасадорот Жбогар, премиерот Заев ја потврди цврстата определба на Владата за демократски, фер и регуларни локални избори, што е исто така поздравено од Европската унија.
Ново на Сител
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
