Жбогар: „Рекет“ покажува дека Обвинителството се бори против корупцијата

Се трудам да го гледам случајот „Рекет“ од позитивен аспект и сметам дека тој покажува оти Јавното обвинителство се бори против корупцијата, изјави денеска шефот на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Самуел Жбогар.
Амбасадорот Жбогар нагласи дека е видливо оти во земјава се поставува судска пракса за борба против корупција на високо ниво и во таа смисла изрази поддршка на Јавното обвинителство со цел да биде поангажирано и да работи на вакви случаи.
– Во државата нема причини за политичка криза, институциите функционираат, Јавното обвинителство е функционално, а функционира и Специјалното јавно обвинителство. Точно е дека специјалната јавна обвинителка Јанева поднесе оставка и тоа го имаме предвид и свесни сме за тоа, но СЈО ќе продолжи да функционира до 15 септември. Дотогаш има доволно време политичките лидери да размислат на кој начин ќе продолжи работата на СЈО. а една од можностите е тоа да биде интегрирано во рамки на општото јавно Обвинителство и има време тоа се реши, порача амбасадорот Жбогар од општина Новаци каде денеска престојува во работна посета и на увид на проектите кои ги реализира тамошната локална самоуправа.

На прес-конференцијата во Општина Новаци, Жбогар појасни дека знае за многу шпекулации во однос на оставката на Јанева.
Сепак, според него, факт е дека СЈО беше многу корисно и важно во својата работа и случаите што ги покрена, таму е концентрирана голема експертиза и знаење и сметам дека тоа знаење и понатаму треба да се користи.
Ново на Сител
-

Андоновски: Дигитализацијата е алатка за поконкурентна економија
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители
-

Научник за само еден месец изел 720 јајца
-

Мицкоски: Наскоро ново проширување на лекови од позитивната листа
-

Арсенал до финалето без пораз, ПСЖ постигна 44 голови
-

Тошковски: Силни институции значат сигурни граѓани, а полицијата е тивката сила на државата
-

Медведев: Доколку Германија се приближи до поседување нуклеарно оружје - тоа би било повод за војна
-

Загреб е првиот европски град што нуди роботакси-услуги
