Жбогар: ЕУ ги поддржува преговорите, но нема да се ангажира директно

Според евроамбасадорот Семуел Жбогар, преговорите кои се водат со јужниот сосед и спорот околу името на Република Македонија одат во добра насока, а ЕУ нема да се ангажираат директно врз тој процес.
Со овој став, Жбогар одговори на новинарско прашање во врска со евентуална промена на форматот на преговорите и вклучување на европската дипломатија.
- Преговорите за прашањето со името под покровителство на ОН, течат добро. Сметам дека тие во овој формат треба и да продолжат. Такашто не очекувам дека промената на форматот на преговорите ќе придонесе кон постигнување на договор и решение за прашањето со името. Сметам дека таа одлука, односно решение треба да ја донесат двете инволвирани страни. Во моментов и двете страни се одлучни тоа да го направат. Европската унија е тука да го поддржи процесот и да ги охрабри двете страни да дојдат што поскоро до конечното решение, рече Семуел Жбогар, шефот на делегацијата на ЕУ во Македонија на прес конференцијата по посетата на Гостивар.
Тој ја повтори и изјавата на претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер при последната посета на Македонија, дека ставот на ЕУ е да не се ангажира во преговорите.
Ново на Сител
-

Тошковски: Човечкиот живот нема цена – МВР и Фондацијата „Фросина Кулакова“ заеднички ќе работат на поголема безбедност во сообраќајот
-

Идната недела ќе се знае кога ќе биде спроведена тендерската постапка за монтажните гаражи во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“
-

Гаши: Односите со Ватикан се беспрекорни, клучни столбови на кои се темелат се Кирил и Методиј, како и Мајка Тереза
-

Министерство за транспорт: Поништена јавната набавка на електрични автобуси и електрични полначи
-

Ѓорѓиевски најавува трансформација на Скопје, експертите укажуваат - да се реафирмира културата на градот
-

Уапсен велешанец, пијан оштетувал паркирани автомобили
-

Избегната трагедија во Драчево: Зрно од огнено оружје погодило малолетник во училишен двор
-

Палау ја забрани употребата на креми за сончање со воведување такса од 100 долари по нејзина употреба
