Македонија
22. May 2026 - 16:36

Без поместување на позициите заврши првата официјала средба Муцунски - Петрова Чамова

Без поместување на позициите заврши првата официјала средба помеѓу Муцунски и Петрова Чамова. 

Извори од МНР за Сител велат дека бугарската страна настапила без многу разбирање за макеоднската загриженост и дека остануваат на позициите за уставните измени договорени во 2022 година. Бугарија не отстапува од ставот дека патот на Македонија до Унијата води преку исполнување на уставните измени, обврска преземена кон Брисел, а не кон Софија. 

Извори за Сител брифираат дека од македонска страна била нагласена потреба за изнаоѓање решение за спорот, а потврдени биле и позициите на владата во однос на идентитетот, јазикот и историјата. Министерот Муцунски апелирал да се разбере грижата на Македонија да не се креираат нови барања во процесот на интеграција, а разговано било и за правата на македонското малцинство во Бугарија.

Муцунски го отворил и прашањето за инфраструктуно поврзување помеѓу двете држави, со фокус на Коридорот 8 и граничниот премин Клепало. 

Двајцата министри се сретнаа на маргините на НАТО состанокот во Шведска, клучен состанок во период на длабоки поделби околу војната во Иран и притисокот од Вашингтон за поголема финансиска независност на Европа. По состанок генералниот секретар Руте ја потврди посветеноста за посилна Алијанса.

Главната цел на дводневната конференција е да се постават темелите за претстојниот Самит на лидерите на НАТО во Анкара, со посебен фокус на зголемување на капацитетите на воената индустрија и синџирите на снабдување со муниција.