Жбогар: Да не се драматизира, оптимист сум дека ќе се формира влада

Евроамбасадорот Самуел Жбогар денеска изјави дека е оптимист оти политичките лидери во Македонија ќе го изнајдат вистинскиот начин да формираат влада.
- Јас не се согласувам дека политичката ситуација во земјава е тешка и не треба да се драматизира. Во земјава имавме избори и нормално е да се даде повеќе време да можат политичките лидери да формираат влада. Јас сум оптимист дека политичките лидери ќе го изнајдат вистинскиот начин да формираат влада, за да можеме ние како ЕУ да продолжиме да работиме во реализирање на реформите кои се потребни во земјава, истакна Жбогар.
Во рамките на кампањата „ЕУ за тебе“ денеска во Берово престојуваа евроамбасадорот Жбогар и францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.
ЕУ за Берово издвоила три милиони евра средства наменети за реконструкција и изградба на канализационата мрежа.
- Овде сме да ја промовираме кампањата „ЕУ за тебе“ и попрецизно да покажеме што реализира ЕУ од проектите која сама ги финансира, помошта на ЕУ на вашата земја е многу конкретна и се гледа од реализацијата на овие проекти кои се во директна полза на граѓаните на вашата општина, а тоа се проекти кои се реализираат од граѓаните на ЕУ, односно од даночните обврзници на ЕУ. Целта ни е да ја видиме реализацијата на проектот за изградба и реконструкција на мрежата за канализација во должина од 25 км, што ќе биде дополнување на постоечкиот прокет „Прочисттелна станица на отпадните води“, како и реализацијата на четири други проекти со финансиска поддршка на ИПА- програмата. Ние како ЕУ со нетрпение ја очекуваме и изгрдабата на зелениот пазар во Берово и реконстркуцијата и на друга улица што се реализира со руралните грантови, рече Жбогар.
Тој додаде дека ЕУ е активна и ги поддржува проектите во земјите кандидати за изградба на инфраструктура со цел се исполнат стандардите.
Францускиот амбасадор Тимоние потенцираше дека намерата е да се продлабочи соработката со Франција и ЕУ.
- Имаме намера да ја продлабочиме соработката и ние сме зантересирани да ја доближиме Европа до граѓаните. Ќе се обидеме во рамките на наште можности да го унпредуваме туризмот, а изградбата на инфраструктурата од ваков вид е од голема помош за жителите, рече Тимоние.
Градоначалникот Драги Наџински ги запозна гостите со проектите кои се реализараат со средства од ЕУ во Берово, потенцирајќи дека досега општината за реализација на разни проекти од областа на инфраструктурата добила поддршка од околу пет милиони евра од европските фондови.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Да бидеме генерацијата која ќе ја внесе државата во ЕУ, но нема компромиси за идентитетот, јазикот и културата
-

Лавров: Русија е подготвена за преговори за решавање на украинското прашање
-

Мицкоски: Верувајте во нашата татковина, покажавме дека можеме да победуваме
-

Повреден 48-годишник при пукање во Арачиново
-

Приведен 48-годишник кој барал пари две години за да не објави интимни фотографии
-

Повозрасна жена нападнала малолетно девојче во Кисела Вода
-

Македонските одбојкари пред полни трибини на отворањето на ЕП во Софија
-

Сиљановска Давкова: 8 Септември трајна обврска за секоја генерација да ја направи подобра државата
