Жариштето на гевгелиската депонија се уште тлее
Десетина дена по нејзиното прво разгорување, жариштето на депонијата за комунален отпад во Гевгелија се уште тлее, а чадот и понатаму им го отежнува дишењето на жителите од југоистокот на градот и веројатно на соседите од грчките села Евзони и Идомени кога дува северен ветер.
Депонијата синоќа повторно се разгоре, но по брза интервенција на пожарникарите и комуналните работници од Гевгелија огнот беше изгаснат, но третманот на жариштето продолжува и во текот на денот бидејќи борбата со чадот не се знае до кога ќе потрае.
Само во последната недела од март, на територијата на Општина Гевгелија биле регистрирани дури 14 пожари од кои најдолго огнената стихија се задржа на депонијата што три пати беше потпалувана.
Поради специфичноста на локацијата и наталожениот комунален отпад, гаснењето се одвивало отежнато поради што биле користени и посебни третмани за постапување во вакви случаи.
Додека чадот се уште се шири носен од ветерот, Општината веќе презема мерки за целосно заградување на депонијата, обезбедување само на еден влез, а воведе и постојано дежурство на депонијата.
Ново на Сител
-
Ќе има ли јагнешко за Велигден и по која цена?
-
Tема на денот со Михајло Лахтов, експерт за медиуми
-
Загрижувачки пораст на респираторните заболувања - околу 1000 случаи годишно со рак на белите дробови
-
Кој краде на Клиниката за онкологија – Два инциденти за 6 дена
-
Судењето за убиството на Вања продолжи со испрашување на таткото
-
Коалицијата „Вреди“ ги пегла разликите
-
Бока: Интеграцијата на Македонија во ЕУ е незавршен процес
-
Опозицијата контра именувањето на Богојески, за власта битна ќе е неговата работа, а не коментари