Жариште на птичјиот грип во Зоолошката градина во Сараево

Лабораторијата при Ветеринарниот факултет во Сараево денеска потврди дека во сараевската Зоолошка градина е потврдено присуство на вирусот на грипот А потпип Х5Н8, познат како птичји грип, јави ФЕНА.
По потврдувањето на жариштето на болеста, Канцеларијата за ветеринарство на Босна и Херцеговина апелираше до сопстевниците на живина да го зајакнат спроведувањето на биобезбедносни мерки на своите имоти и да спречат контакти меѓу домашните и дивите птици.
Во изминативе месеци птичјиот грип беше потврден во повеќе европски и балкански земји, а на територијата на БиХ се појави во реонот на градот Приједор.
Според извештајот на Светската здравствена организација (СЗО) од ноември 2016 година, досега не е потврден случај на пренос на вирусот од птици на луѓе, но дека и покрај многу малата веројатност за инфицирање на луѓето со овој тип на вирусот, таквата можност сепак не може во целост да се исклучи.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар/аналитичар
-

Преглед на вестите од светот
-

Нов член во Судски совет според нов закон, а стари критериуми
-

Масовен вандализам во Ново Лисиче: Оштетени над 40 возила
-

СДСМ со нова т.н бомба, ВМРО-ДПМНЕ ги бара документите со кои Филипче добил златна виза
-

Осумчлено семејство остана без дом, откако пожар им ја пеплоса куќата
-

ЈКП-ЈА бараат итни измени во Законот за јавни претпријатија
-

Охрид исполнет за празниците
